Меѓуопштинското здружение „Мобилност“, во Делчево ја организираше втората работилница посветена на подигнување на свеста на пошироката јавност за проблемите на лицата со попреченост во однос на пристапноста на зградите, објектите и услугите.
Во продолжение погледнете го извештајот на ТВ Стар:
Активностите од проектот ,,Запознај ја конвенцијата – силниот ветер во грб за лицата со инвалидност,, на Меѓуопштинското здружение на лица со телесен инвалидитет за општините:Кочани Виница Берово и Делчево - МОБИЛНОСТ КОЧАНИ, се поддржани преку грант-програмата на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведува Институтот за различности и медиуми од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации од Македонија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на авторот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.