Здружението на граѓани „Поврзани“, изминатиот петок, во едукативниот центар во Зоолошката градина во Скопје, организираше мултимедијален настан на кој беа претставени 3 кратки видеа кои промовираат образовна инклузија на децата со попреченост. Видеата претставуваат филмувана верзија на илустрираните раскази „Сите“, „Три Јовани и две Анастасии“ и „Еднакви, слични и различни суперхерои“.
На настанот учествуваа 30 ученици, кои пред присутните наставници и родители изведоа неколку кратки театарски точки и пренесоа порака за прифаќање на соучениците со попреченост и отворање на нови можности за другарување.
Илустрираните раскази подготвени во соработка со „Просветно дело“ подготви беа објавени во детските списанијата „Другарче“ и „Развигор“.
Активностите од проектот „Еднакви, слични, различни“ на Здружението на граѓани „Поврзани“, се поддржани преку грант-програмата на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведува Институтот за различности и медиуми од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации од Македонија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на авторот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.