Изминатиот викенд, 3 лица со оштетен вид, во придружба на тројца планинари се искачија до врвот на Водно. Одлична авантура, дружба и задоволство по искачувањето. Секој врв е предизвик, но надминувањето на личните предизвици го комплетира успехот.
Погледнете како изгледаше оваа авантура:
Активностите од проектот „Осети природа“ на Здружението „НАТУРА МК“ од Скопје, се поддржани преку грант-програмата на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведува Институтот за различности и медиуми од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации од Македонија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на авторот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.