Петтата епизода од емисијата „Зборуваме за хендикепот“ ја посветуваме на аутизмот. Зборуваме за тоа што е аутизам, како може да се препознае од најрана возраст, што треба да преземат родителите, лекарите, општеството, за навремена интервенција и соодветен почеток на рехабилитацијата на лицата кај кои е утврдена оваа состојба.
Зборуваме и за тоа какви се меѓународните искуства во помагањето на лицата со аутизам, каков третман тие можат да добијат кај нас а споделуваме и непосредни искуства на едно семејство кое има дете со аутизам. Гости во емисијата се: Јасмина Трошанска, доктор на дефектолошки науки, Милица Серафимовска, специјален едукатор и рехабилитатор и Ерол Фејзули, родител на дете со аутизам.
Активностите од проектот „Зборуваме за хендикепот “ на Здружението за Церебрална парализа од Тетово, се поддржани преку грант-програмата на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведува Институтот за различности и медиуми од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации од Македонија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на авторот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.