„Заедно до медали“ е видео проект, со кој ја следиме делегацијата на Специјална олимпијада Македонија и нејзините тимови пред и по Летните олимписки игри на Специјална олимпијада Абу Даби 2019.
Оваа видео сторија го претставува пливачкиот тим, предводен од тренерот Горан Андоновски и атлетите Јулијана Петровска, Катерина Петковска, Марио Мицковски и Стефан Трпковски. Од олимписките игри се вратија со три златни медали, две за Марио Мицковски, на 50 метри слободен стил и 25 метри грбно и злато за Стефан Трпковски на 50 метри слободен стил.
Активностите од проектот „Заедно до медали“ на Здружението „Специјална Олимпијада Македонија“, се поддржани преку грант-програмата на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведува Институтот за различности и медиуми од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации од Македонија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на авторот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.