„Заедно до медали“ е видео проект, со која ја следиме делгацијата на Специјална олимпијада Македонија и нејзините тимови пред и по Летните олимписки игри на Специјална олимпијада Абу Даби 2019.
Оваа сторија го претставува кошаркарскиот јунифајд тим, предводен од тренерот Дејан Дојчиновски и помошниците тренери Ана Котевска и Радован Петровиќ. Во тимот играат атлетите Адмир Дупљак, Јане Никодиновски, Виктор Бошковски, Горијан Стојковски, Филип Ангеловски и Мирослав Ѓорѓиевски, и јунифајд партнерите Симона Деловска, Емилија Лазарова, Петар Петровски и Филип Цветковски. Кошаркарскиот тим на последните олимписки игри во Абу Даби го освои бронзен медал.
Активностите од проектот „Заедно до медали“ на Здружението „Специјална Олимпијада Македонија“, се поддржани преку грант-програмата на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведува Институтот за различности и медиуми од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации од Македонија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на авторот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.