Кога зборуваме за лицата со попреченост најчесто создаваме перцепција за немоќни лица, лица кои имаат разни потешкотии, лица на кои им е потребна туѓа помош, лица кои малку нешто можат да направат сами. Но дали е секогаш така? Знаеме ли дека и меѓу нив има вистински таленти? Дрита има прекрасен глас, Берата знае да црта со својата лева нога, Сафие прекрасно ткае, Агрон, Сара, Ардијан и Вилдане се спортисти со освоени медали во атлетика, а Трпко везе гоблени и насекаде шири позитивна енергија.
Во шестата епизода од проектот „Зборуваме за хендикепот“ зборуваме за овие талентирани лица. Гостин во емисијата е дефектологот Милица Серафимовска.
Активностите од проектот „Зборуваме за хендикепот “ на Здружението за Церебрална парализа од Тетово, се поддржани преку грант-програмата на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведува Институтот за различности и медиуми од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации од Македонија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на авторот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.