„Нека се чуе вашата порака!“ е насловот на тридневните работилници кои се одржаа во Скопје и Охрид, наменети за граѓански организации што ги застапуваат правата на лицата со попреченост во земјава.
„Нека се чуе вашата порака!“ е насловот на тридневните работилници кои се одржаа во Скопје и Охрид, наменети за граѓански организации што ги застапуваат правата на лицата со попреченост во земјава.
Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија организираат две тридневни работилници за граѓански организации што ги застапуваат правата на лицата со попреченост во земјава,
Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија објавуваат повик за доделување грантови за граѓански организации што ги застапуваат лицата со попреченост во земјава.
Потребно е поквалитетно информирање за лицата со попреченост, намалување на предрасудите кон нив и спроведување позитивни кампањи за промовирање на еднаквоста на граѓаните во општеството. Неопходно е унапредување на ресурсите во образованието, обезбедување обуки и подобри услови за кадарот кој работи со децата со попреченост со цел обезбедување квалитетно образование.
Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.
Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).


Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.