Граѓански вести

Уметниците имаат уникатна можност да бидат активни чинители во општеството во одбрана на човековите права и слободи и тие не смеат да бидат неми набљудувачи на општествените состојби и процеси.

„Никој не сака да бега од својот дом поради насилство“ и „Никој не сака да биде претепан во својот дом“ се некои од пораките што деновиве може да се слушнат во рамки на медиумската кампања „Потпишувам“, чија цел е спречување на насилството врз жената и семејното насилство.

За лицата со пониски приходи кои не се вработени,останува обврската секоја година да поднесуваат Изјава за остварени приходи во УЈП, со што се врши нивна пререгистрација заради остварување на здравствено осигурување, и покрај фактот што Уставниот суд ја прогласи оваа одлука за неуставна во 2012 година.

Група граѓански активисти под мотото „Борбата продолжува“ денес го одбележаа денот кога пред една година новинарите беа насилно исфрлени од Собранието и спречени да известуваат за седницата на која се расправаше за усвојување на државниот буџет за 2013 година.

Вкупно 20 лица, во изминатите два месецa, побарале помош во Првиот семеен центар на град Скопје. Најголем дел од овие лица се жртви на семејно насилство, или пак, потекнуваат од семејства во кои е присутно семејното насилство.

logo4

Актив.мк е Интернет платформа посветена на зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации од областа на човековите права и медиумите, со цел да се олесни меѓусебната размена на информации меѓу двата сектора и да се придонесе кон унапредување на човековите права и слободата на изразување.

 

Повеќе

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.