Пред една недела пееја, а сега спортуваат. На спортските терени во училиштето „Климент Охридски“, членовите на здружението „Порака“ организираа спортски натпревари заедно со нивни соученици од други училишта.
Образованието и вработувањето на лицата со посебни потреби е темата на третата емисија од серијалот „Зборуваме за хендикепот“. Во емисијата зборуваме за условите за школување на децата со посебни потреби, за специјалните паралелки во училиштата, за инклузијата на овие деца во редовната настава, за можностите каде да го продолжат школувањето по завршувањето на основното образование.
Се сеќавате ли на Нина Костоска, младата аптекарка од рекламата на УНИЦЕФ, која ја шокираше македонската јавност за третманот на лицата со Даунов синдром? Сузана, мајката на Нина, ни раскажа за борбата на Нина, за нивните напори како семејство да и го обезбедат посакуваното образование, но и за тоа како Сузана се справува со чудните погледи што нејзината ќерка ги добивала од случајните минувачи само затоа што има Даунов синдром и како заеднички ги преживувале тие моменти.
Неодамна, здружението „Еурека културен центар“ и танцовото студио „Еурека“ организираа премиерна изведба на првата инклузивна претстава „Пепелашка“, во која главните улоги ги играат деца со попреченост.
Во рамките на проектот „И ние сме тука“, Асоцијацијата „Ластовица“ од Прилеп организираше интерактивна работилница со средношколци од гимназијата „Мирче Ацев“. Целта на работилницата е да ги сензибилизира учениците за присуството на лицата со попреченост, и за нивните права и потреби како рамноправни граѓани на оваа земја.
Ученици изработија графит на ѕидот на основното училиште „Толи Зордумис“ како дел од проектот на Едукативниот културен центар „Нана“ во рамки на кампањата „Нацртај попреченост“. Кампањата е дел од проектот кој го спроведува Институтот за медиуми и различности од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, со финансиска поддршка од Европската Унија.
Како голем херој, на англиски јазик ја отпеа песната „Херој“ (Hero) од Витни Хјустон покажувајќи ја својата љубов кон музиката. Младата битолчанка Елена Петровска од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола настапи на манифестацијата „Можеме и сакаме да пееме“, како дел од кампањата „Попреченоста е прашање на перцепција“.
Ова е приказна без смисла. Ја измисливме со причина. Луѓето во една земја развиле невообичаена навика. Почнале да се распознаваат меѓу себе единствено според нештата што ги прават различни од другите. Според нешто на нив што е несекојдневно, необично, чудно. Нешто што може да се залепи како етикета. Па така, Гого почнале да го викаат Гого со големиот нос, Нана станала Нана со бушавата коса, а тука биле и Тио со кривите очила, Бобо со дебелите прсти, Ниа со долгиот врат и другите. Сите различни и сите препознаени само по разликите...
Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.
Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).
Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.