„Верувам во внатрешниот глас и му дозволувам да ме води напред, мојата мисија е да бидам најдобрата верзија од себе и да им помогнам на луѓето околу себе - децата и лицата со попреченост не се само статистички податок, тие се личности со име и презиме и имаат право да ги уживаат загарантираните слободи и права“ вели студентот Филип Григоров од Свети Николе.
Со пуштање на 100 светло сини хелиумски балони на плоштадот во Прилеп и редење на шарена сложувалка, прилепските основците го одбележаа Светскиот ден на лицата со аутизам.