Младенците Христина и Лазар, кои се пар со оштетен слух, традиционалниот свадбен танц го заменија со специјална изведба на знаковен јазик на песната „Немир“ од Тоше Проески и Каролина Гочева. Христина и Лазар потекнуваат од Битола и Неготино, а со ова видео предизвикаа бурни емоции кај оние кои го погледнаа, но и кај присутните на нивната свадба.