Граѓански вести

Активно граѓанство; честопати го спомнуваме, посакуваме, повикуваме. Кога дефинираме што тоа е, зборуваме за начин како граѓаните можат да ги приближат своите проблеми до надлежните институции, да предложат решение и да побараат тоа да биде решено. Но, честопати забораваме на еден дел од активното граѓанство кој е можеби и најважен. Тоа е дека многу од проблемите можеме и самите да си ги решиме, или барем да ги приближиме до посакуваната цел. Тоа го нарекувам активно однесување.

Еден од највообичаените начини за промоција на вашите вести и активности е организирање и одржување конференција за печат. Но, таа се свикува само ако имате да соопштите нешто уникатно и важно, да кажете нешто ново, или за да одговорите бргу на некоја голема вест, а немате време да му се обратите на секој медиум одделно.

Соопштението за печат се едно од најупотребуваните форми на комуникација со медиумите. Целта е да се испрати порака до медиумите и да им се овозможи тие да ја пренесат до јавноста. Доброто соопштение за печат користи факти, статистички податоци и цитати, но пред сè имаприказнашто е интересна за објавување и е навремена.

Страница 28 од 28

logo4

Актив.мк е Интернет платформа посветена на зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации од областа на човековите права и медиумите, со цел да се олесни меѓусебната размена на информации меѓу двата сектора и да се придонесе кон унапредување на човековите права и слободата на изразување.

 

Повеќе